Новости

Останати

Боксот ризикува исклучување од Олимписките игри

Боксот би можел да го загуби статутот Олимписки спорт доколку набргу не се решат проблемите во Интернационалната боксерска асоцијација, изјави претседателот на Олимпискиот комитет, Томас Бах.

Боксерската асоцијација веќе со месеци е во незавидна ситуација поради борбата за превласт за претседателското место, кое конечно се разреши минатата недела но Олимпискиот комитет и натаму не е задоволен од постигнувањата.

Бах потенцираше дека сериозно се разгледува опцијата за исклучување на боксот од младинските олимписки игри кои ќе се одржат годинава како и од Олимпијадата во Токио во 2020-тата, а можно е укинување и на дел од финансиите наменети за спортот.

Студирајте на БАС
To Top