Новости

Останати

Бугарските пливачи најдобри на Олимпискиот маратон

Во Охрид се пливаше првиот Олимписки маратон во должина од 10 километри и мина во доминација на бугарските пливачи Венцислав Ајдарски и Василики Кадоглу во организација на МОК и  познатиот наш пливач Александар Маленко.

Ајдарски е прв победник нај маратонот во машка конкуренција, а во возбудлив финиш беше побрз од Холанѓанецот Марсел Шутен, со време од 1 час, 54 минути и 48 секунди. Третото место го освои македонскиот пливач Александар Илиески.

Кај дамите 14-годишната Василики Кадоглу беше најдобра со победничко време од 2 часа, 20 минути и 37 секунди. Зад неа како второпласирана патеката од 10 километри ја преплива Тјаша Возел од Словенија.

To Top