Новости

Останати

Бјорген стигна до осмиот олимписки медал и влезе во историјата

Норвешката натпреварувачка Марит Бјорген ја освои осмата титула и рекорден 15 медал од Олимписките игри во кариерата, откако триумфираше во масовниот старт на 30 километри крос-кантри класичен стил во Пјонгчанг.

Бјорген заврши за 1:22:17.6 час во последната трка во нејзината кариера. Таа поведе убедливо уште по 10-тиот километар на растојанието, а пред финалето имаше време дури да го земе знамето на Норвешка пред да ја премине линијата.

Бјорген ја освои титулата од 30 километри на третата Олимпијада после златото во класичен стил во Ванкувер 2010 и слободен стил во Сочи 2014 година.

Со 13 медали, норвешката легенда во биатлонот Оле Еинар Бјордаланд остана на второто место. Тој има 8 златни, 4 сребрени и 1 бронзен, а трет е Бјорн Дели (Норвешка, крос-кантри скијање) кој има 12 признанија (8, 4, 0).

GOLD
GoldSlot
To Top