Новости

Останати

Велингер сензационално стана нов олимписки првак во ски-скокови

Германецот Андреас Велингер го освои златниот медал во натпреварувањето на големата скокалница во Пјонгчанг.

Велингер во двете серии имаше скокови од 104,5 и 113,5 метри и стигна до првото место пред двоецот Норвежани, Јохан Андре Форфанг и Роберт Јохансон.

Форфанг доскокна на 106 и 109,5 метри и за скоро девет поени имаше полош скор од Велингер додека Јохансон имаше скокови од 100,5 и 1113,5 метри.

GOLD
To Top