Новости

Останати

Виландер: Ѓоковиќ ја загуби победничката аура

Матс Виландер вели дека Новак Ѓоковиќ повеќе ја нема победничката аура по која бил познат. Ѓоковиќ уште пред шест месеци ја заврши сезоната поради повреда на лакотот, а Виландер смета дека проблемот со кој се соочува Србинот не е психолошки.

„Мислам дека проблемот повеќе е физички отколку психолошки. Но, кога губите ја губите победничката аура и тогаш се вклучуваат и многу други фактори. Повредите најчесто доаѓаат кога не сте 100 отсто психички подготвени, ова не го велам само поради Ѓоковиќ туку и поради Мареј. Некогаш е добро да се направи пауза“, рекол Виландер.

Швеѓанецот исто така смета дека Рафа Надал заслужил годината да ја заврши на првото место и дека неговата игра, особено вториот сервис, е најдобра досега.

Karmen
To Top