Втора победа на Камил Штох на новогодишната турнеа - Шеталиште

Новости

Останати

Втора победа на Камил Штох на новогодишната турнеа

Полскиот натпреварувач Камил Штох е победник и на втората скокалницата од новогодишната турнеја, тој победи и во Гармиш-Партенкирхен, со што ја зголеми предноста во генералниот пласман на традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“.

По првиот триумф на скокалницата во Оберстдорф. Штох денес повторно победи на скокалницата број два во Германија и тоа со убедливо најдолги скокови од 135,5 и 139,5 метри. Второто место му припадна на лидерот во генералниот пласман, Рихард Фрајтаг, кој по 132 метри и шестото место во првата серија, во втората серија скокна 137 метри и на крајот се искачи на второто место на победничкиот подиум. На третото место се пласира Андерс Фанемел, додека како четврти заврши Јапонецот Јунширо Кобајаши.

Натпреварите од новогодишната турнеја „Четири скокалници“ продолжуваат на 4 јануари, кога на програмата е скокалницата во Инсбрук, а во моментов Штох е на водечката позиција со 563,1 поени пред Фрајтаг кој има 551,3 поени.

To Top