Новости

Останати

Гергес ја изненади Возниацки во Оукленд

Германката Јулија Гергес, конечно, победи на АСБ класик турнирот во Оукленд, Нов Зеланд, добивајќи го финалето со Каролине Вознијацки со 6-4/7-6(4).

29-годишната Германка влегува на Австралија опен со три титули во низа, откако на крајот на 2017 година победи на турнирите во Москва и Жухаи, и сега има низа од 14 победи едноподруго.

„Искрено, оваа титула ми значи многу. Бев многу постојана на овој турнир последните години и убаво е да се добие овој голем трофеј. Не можам да се жалам, но за неколку дена повторно продолжувам со работа. Титулата не значи ништо на следниот турнир“, вели Гергес.

Студирајте на БАС
To Top