Новости

Останати

Германија и Швајцарија ќе се борат за титулата на Хопман Купот

Селекцијата на Германија е вториот финалист на тенискиот Хофман куп што се игра во Перт, а е увертира во првиот Гренд-слем турнир годинава Австралија опен.

Германската комбинација Кербер-Зверев во меч од последното 3.коло во А групата ја совладаа селекцијата на домаќинот Австралија со 2-1 во победи.

Германците поведоа со 1-0 откако Анџелик Кербер во два сета со 6-1 и 6-2 ја совлада Дарија Гаврилова. Домаќините израмнија со победата на Танаси Кокинакис кој дуелот против Александар Зверев го доби со пресврт, односно првиот сет го загуби со 5-7, но следните два ги доби со 7-6 и 6-4.

Решавачкиот меч во двојки го добија Германците со 2-1, со што го обезбедија првото место во групата, а со тоа и пласман во финалето во кое за противник ќе ги имаат Швајцарците, Роџер Федерер и Белинда Бенчиќ.

GOLD
SN Finansii
To Top