Новости

Останати

Глајршер сензационално победи во санкање во Пјонгчанг

Австриецот Давид Глајршер е сензационален победник во санкање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Сосема неочекувано Глајршер го освои првиот трофеј на големите натпреварувања откако во решавачката трка најголемиот фаворит за златото Германецот, Феликс Лох направи грешка и на крајот го освои петтото место.

Глајршер во четирите трки имаше вкупно време од 3 минути 10 секунди и 702 илјадити дела од секундата и за само 26 илјадитинки беше побрз од Кристофер Маздзер од САД додека бронзата му припадна на Јоханес Лудвиг од Германија.

To Top