Новости

Останати

Големи проблеми за Надал

Шпанскиот тенисер го откажа настапот на турнирите во мастер серијата во Индијан Велс и Мајами.

Рафаел Надал има сериозен проблем со повреда на ногата, заради која го предаде четвртфиналниот меч на Австралија Опен.

И покрај паузата која ја направи, не успеа да ја санира повредата, па затоа оваа недела го откажа настапот во Акапулко непосредно пред почетокот на турнирот. Тогаш соопшти дека и понатаму го мачи мускулот и дека има болки, за само после неколку дена подоцна да го соопштина она што љубителите на тенисот не сакаа да го слушнат.

Шпанскиот тенисер објави дека ќе ги пропушти турнирите во Индијан Велс и Мајами.

„За жал, повредата која ја добив пред Акапулко е иста како онаа од Мелбурн. Морам да се оправам, затоа нема да бидам во можност да играм во Индијан Велс и Мајами. Беше болно да се повлечам од Акапулко, а исто така ми е тешко што нема да игеам во САД. Ќе направам се за да се вратам во 2019 годиина“, објави Надал на својот Фејсбук профил.

Првиот во серијата мастерс турнири во сезоната, Индијан Велс стартува наредната недела, додека Мајами е на програмата две недели подоцна.

Надал, освојувачот на 16 гренд слем трофеи, кој заради паузата која мораше да ја направи му го препушти првото место на АТП листата на Рожер Федерер, во Индијан Велс има освоено 3 пехари, додека во Мајами 5 пати играше финале.

Шпанецот е вториот тенисер од врвот кој откажа учество на турнирите во САД, откако тоа го направи Стен Вавринка, исто така заради повреда.

Evrotip
Евротип
To Top