Новости

Останати

Дарио Ивановски, единствен македонски претставник на СП во атлетика во сала

Македонија ќе биде преставена со еден натпреварувач на СП во атлетика во сала кое од денес започнува во Бирмингем, тоа е нашиот атлетичар Дарио Ивановски.

СП во Бирмингем ќе трае четири дена, а овој настан е најголем во атлетиката за оваа 2018 година. На ова Светско првенство може да се очекуваат врвни резултати затоа што скоро сите селекции пристигнаа во најсилен состав, вклучувајќи ги атлетските сили САД, Јамајка и Германија.

Единствениот македонски атлетичар на ова СП Дарио Ивановски, ќе се натпреварува во трката на 1500 метри. Квалификациите во оваа дисциплина се на програмата в сабота, со почетокот во 12.15 часот.

GOLD
To Top