Новости

Останати

Затворени Олимписките игри во Пјонгчанг со дефиле на 3.000 спортисти

Зимските олимписки игри кои во изминатите 17 дена се одржуваа во Пјонгчанг свечено беа затворени во неделата.

На почетокот на церемонијата на Олимпискиот стадион во Пјонгчанг домаќинот подготви кратка престава на мразот која беше проследена со огномет, а потоа беше интонирана химната на Јужна Кореја. ЗОИ беа затворени со дефилето на спортистите и потоа со концертот на музичарот Мартин Герикис.

На Игрите кои започнаа на 9 февруари учествуваа повеќе од 3.000 спортисти.

Дел од 23. Игри, седми пат во историјата беше и Македонија. Во Пјонгчанг настапија тројца македонски спортисти: Ставре Јада кој на отворањето го носеше државното знаме, Викторија Тодоровска и Антонио Ристевски. Ставре Јада во спринт го освои последното 79.место, а на трката на 15 километри во конкуренција на 119 натпреварувачи заврши на 99. позиција. Викторија Тодоровска настапи на 10 километарската патека во крос-кантри, македонската репрезентативка во конкуренција на 90 натпреварувачки го освои 85.место.

Evrotip
Евротип
To Top