Новости

Останати

ИОК ја укина суспензијата за руските спортисти

Интернационалниот олимписки комитет ја укина суспензијата на Рускиот комитет, пренесе руската организација.

Со тоа Русите го добиваат полниот статус во интернационалната организација, и за разлика од игрите во Пјонгчанг, на натпреварите под капата на ИОК ќе можат да настапуваат под националното знаме.

Русија беше суспендирана поради систематски допинг, а не мина најсјајно и на Зимските игри во Јужна Кореа каде двајца спортисти од земјата одново беа позитивни на недозволени средства.

GOLD
To Top