Новости

Останати

Илјадници со солзи го испраќаа Астори во вечниот дом

Илјадници луѓе се собраа на последното испраќање на италијанскиот фудбалер Давиде Астори, кој почина во неделата во сон неколку часа пред натпревар.

Смртта на 31 годишниот капитен на Фиорентина ги завитка во црно сите од фудбалскиот свет, а веќе со денови од него се испраќаат бивши соиграчи и фудбалери ширум целиот свет.

На градскиот плоштад во Фиренца, се собраа во голем број навивачи со шалови од клубот, а на погребот дојде и комплетната експредиција на Јувентус, и тоа директно од Лондон после победата над Тотенхем 2:0 во реваншот на осмина финале на Лига Шампиони.

Присуствуваа и функционери од Интер, Рома, Фудбалерскиот сојуз на Италиј, познати политичари, естрадни личности и многу други.

 

 

 

GOLD
GoldSlot
To Top