Новости

Останати

Каратистите на Макпетрол заминаа на турнир во Шпанија

Македонските репрезентативци членови на карате клубот Макпетрол, кои се најдобро рангирани на Светската ранг листа во карате спортот, денеска заминаа на турнирот од 1 Премиер Карате Лига, од така наречената А серија, што се одржува во Гвадалахара, Шпанија.

На турнирот ќе учествуваат 1.354 спортисти од 82 држави, што го прави овој турнир со многу силна конкуренција.

Турнирот е само за сениори и сениорки и тие настапуваат во дисциплината кати и борби во поединечна конкуренција. Секој остварен пласман до деветтото место и евентуално освоен медал, ќе значи и подобрување на рејтинг листата на нашите спортисти.

За Гвадалахара отпатуваа следните спортисти: Сара Радичевска (до 50 кг), Симона Заборска (55 кг), Наташа Стефановска (61 кг), Моника Стефановска (68 кг) и Петар Заборски (75 кг).

GOLD
SN Finansii
To Top