Новости

Останати

Квитова го освои турнирот во Санкт Петерсбург

Шампионката од Вимблдон, Петра Квитова (Чешка) ја освои титулата на тенискиот турнир во Санкт Петербург (Русија) со награден фонд од 799.000 долари.

Во финалето, Квитова ја победи шампионката од минатата година и број 4 во Кристина Младеновиќ (Франција) 6- 1, 6-2 за 66 минути.

Чехињата немаше проблеми во играта, откако загуби само еден гем во првиот сет, а во вториот водеше со 5-1.

За 27-годишната Квитова, која учествуваше на турнирот со „вајлд-карта“, ова е 21-ва ВТА титула во кариерата.

GOLD
To Top