Новости

Останати

Ледецка испиша историја и освои две злата во два различни спорта

Естер Ледецка од Чешка влезе во историјата како првата олимпијка што освоила медал во два различни спорта на едни Зимски игри.

Таа по сензационалната победа во супер-велеслалом во алпско скијање денеска дојде до златото и во паралелен велеслалом во сноубординг. Ледецка на собирот во Пјонгчанг во полуфиналето ја победи Германката Рамон Хофмајстер додека во финалето беше побрза од уште една Германка, Селине Јорг. До бронзата дојде Хофмајстер која во малото финале ја победи Русинката, Алена Заварзина.

Златото во паралелен велеслалом кај мажите го обезбеди Швајцарецот, Невин Галмарини откако во решавачкиот дуел го порази домашниот претставник, Ли Санг Хо.

GOLD
To Top