Мареј го откажа настапот на Австралија Опен - Шеталиште

Новости

Останати

Мареј го откажа настапот на Австралија Опен

Енди Мареј нема да игра на Отвореното првенство на Австралија, кое започнува на 15 јануари во Мелбурн.

30-годишниот Шкотланѓанец се уште не е целосно опоравен од повредата на колкот, поради која не играл официјален натпревар во последните 6 месеци.

Мареј требаше да направи официјално враќање на терените оваа недела на турнирот во Бризбејн, но се повлече од трката во последен момент.

Отвореното првенство на Австралија ќе го пропушти и Јапонецот Кеј Нишикори, кој е надвор од терените од август поради повреда во зглобот.

To Top