Новости

Останати

Марсел Хиршер е нов олимписки првак во алпска комбинација

Марсел Хиршер од Австрија го освои својот прв златен медал на Олимписките игри. Хиршер стана шампион во дисциплината комбинација (спуст и слалом) од програмата во алпско скијање во ПјонгЧанг.

Досега тој имаше само еден олимписки медал – сребро во слаломот од Сочи 2014. Втор и трет во денешната комбинација, со која беше отворена програмата во ски-алпски дисциплини во ПјонгЧанг, беа двајца Французи – Алекси Пентуро и Виктор Муфат – Жанде.

GOLD
To Top