Новости

Останати

Марсел Хиршер најбрз и на слаломот до Аделбоден

Австриецот, Марсел Хиршер е победник на слаломот што се возеше на патеката во швајцарскиот зимски центар Аделбоден.

Хиршер ја продолжи доминацијата во слалом и на патеката во Аделбоден ја забележа четвртата последователна победа во оваа дисциплина. Тој по двете возења имаше вкупно време од 1 минута 50 секунди и 94 стотинки и го потврди првото место по првата трка.

Втор со 13 стотинки заостанување е неговиот сонародник Михаел Мат, а трет беше Норвежанецот Хенрик Кристоферсен со 16 стоти дела послабо вкупно време.

Хиршер е лидер во редоследот за слалом со 454 бода, 99 повеќе од Кристоферсен додека Мат зад водечкиот заостанува 146 бода.

 

Студирајте на БАС
To Top