Новости

Останати

Мајк Тајсон отвори ранч за марихуана

Мајк Тајсон ќе отвори ранч од 4.000 метри квадратни за одгледување марихуана, откако Калифорнија ја легализираше дрогата за лична употреба.

Заедно со двајца бизнис партнери, „Тајсон ранч“ ќе се отвори на 100 километри југозападно од националниот парк „Долина на смртта“, и на него одгледувачите ќе можат да се грижат за својот посев, а ќе има и школа за одгледување.

Тајсон, порано познат како „Најопасниот човек на светот“, е долгогодишен поддржувач на медицинската марихуана, но и познат како уживател. Иако заработи стотици милиони долари од боксот, „лудиот“ период од 1990-тите и 2000-тите го банкротираше поранешниот светски шампион и тој имаше неколку обиди со бизниси да врати дел од богатството.

Evrotip
Евротип
To Top