Новости

Останати

НБА: Одлични партии на Бјелица и Шариќ (видео)

Немања Бјелица го одигра најдобриот меч во својата НБА кариера, но не успеа да го спречи поразот на Минесота од Бостон 109:117. Бостон со овој триумф и теоретски си го обезбеди настапот во плејофот. Покрај Бјелица, изминатата ноќ, забележителен настап имаше уште еден играч од Балканот, Дарио Шариќ.

Српскиот репрезентативец, Немања Бјелица, максимално ја користи повредата на Џими Батлер. Тој игра на неговата позиција во стартната петорка на Минесота, а изминатата ноќ блескаше против Бостон. Бјелица на паркетот мина 40 минути, постигна 30 поени и заблежа 12 скока.

Сепак Минесота не успеа да го победи Бостон, во чии редови најдобри беа Кајри Ирвинг (23 поени, 7 скока, 8 асистенции) и Ал Хорфорд (20 поени, 8 скока, 6 асистенции).

Мајами ја победи Филалдлелфија 108:99, благодарение на Хасан Вајтсајд (26 поени) и Двејн Вејд (16 поени). Филалделфија ја предводеше хрватскиот кошаркар Дарио Шариќ со 20 поени и 10 скока. Шариќ десетти пат сезонава заврши со „дабл-дабл“ учинок.

Сан Антонио Спарс гостуваше во Оукленд, го одигра најдобриот меч сезонава, не не успеа да победи против актуелниот шампион.

Голден Стејт Ворисорс победија 110:107, иако по само две минути игра остнаа без најдобриот играч Стеф Кари, кој ја обнови повредата на зглобот.

Кевин Дурент забележа 30 поени и 11 скока, а Дрејмонд Грин го оствари третиот трипл-дабл во сезоната (11 поени, 12 скока, 10 асистенции). Сан Антонио го предводеше Ламаркус Олдриџ со 30 поени и 17 скока.

Оклахома без проблеми го победи Феникс 115:87. Расел Вестбрук мечот го заврши со 27 поени, 8 скока и 9 асистенции.

Бруклин победи во Шарлот 125:111 со што ја прекина серијата од четири порази. Ален Креб го предводеше Бруклин со 29 поени, осум помалку на спротивната страна уфрли Кемба Вокер.

 

Извор: denar.mk

Evrotip
Евротип
To Top