Новости

Останати

Надал пак е повреден, го откажа турнирот во Акапулко

Болка во ногата го одложи враќањето на светскиот број 2, Рафаел Надал на тениските терени. Шпанецот требаше да игра ноќеска против Фелисиано Лопез во првиот круг на турнирот од сериите АТП500 во Акапулко, но часови пред почетокот, матадорот објави дека се повлекува од учество во Мексико.

Така тој изгуби 300 бодови во рангирањето, откако играше финале пред една година.

„Целта и мојот сон беше да играм на овој турнир, но за жал почувствував болки во ногата за време на тренинг“, изјави Надал, кој не е играл од јануари, кога се повлече поради повреда за време на натпреварот од четвртфиналето на Австралија Опен против Марин Чилиќ. Тогаш Надал доби повреда на мускулот на десната бутина.

GOLD
GoldSlot
To Top