Најдобриот германски скокач најави долга пауза - Шеталиште

Новости

Останати

Најдобриот германски скокач најави долга пауза

Рихард Фрајтаг ќе ги пропушти претстојните викенд возбудувањата во Таулиц во рамките на Светското првенство, објави Германската скијачка федерација.

Тој падна на скокалницата во Инсбрук на 4 јануари додека траеше новогодишната турнеја и се уште чувствува болки. Од таа причина, Германецот не сака да ризикува и затоа ќе се насочи кон натпреварувањето во Оберсдорф од 18 до 21 јануари.

Фрајтаг во рангирањето за Светското првенство го има второто место со 711 поени или 12 помалку од лидерот Камил Стох кој успеа да победи на новогодишната турнеја.

To Top