Новости

Останати

Никола Бубевски – големата надеж на кик боксот во Битола

18-годишниот битолчанец Никола Бубевски е еден од надежите на спортот во Битола. Настапува за Кик бокс клубот Енерџи од Битола, а изминатиот викенд , на 24 февруари настапи на Сараево Опен гран при. Со своите успеси во кик боксот, тој ги следи стапките на својот тренер, Александар Димовски – Димсата, кој исто така пред неколку дена издвојуваше победа во Швајцарија, на Фајт најт во Кросхал. Никола на државните натпревари и турнири во Македонија постојано се закитува со медали.

„Настапив на Сараево Опен гран при каде што ја изгубив борбата од домаќинот со судсиска одлука од 2:1, но јас сум задоволен од прикажаната борба. Борба која ме мотивира за понатамошни успеси, но и борба во која се согледани предностите, но и недостатоците кои треба да се поправат. Со мојот тим КБК Енерџи и мојот тренер Александар Димовски сме во постојан континуитет на тренинзи, кои се темелат на сила, брзина, издржливост, техника и слично. Сакам да напоменам дека јас сум на самиот почеток и морам уште многу да работам на понатамошен план, да учествувам на уште многу вакви турнири, првенства и многу борби. Јас го сакам ова бидејќи е ова мој начин на живот“, изјави Никола Бубевски, член на Кик Бокс клубот Енерџи од Битола.

 

Кик Бокс клубот Енерџи од Битола постојано реди успеси, започнувајќи од успехот на тренерот Димовски кој исто така беше прогласен за спортист на годината во Битола за 2017 година. Тој е одличен пример за своите ученици, како што е Бубевски, кои со напорен тренинг и многу работа ќе успеат да донесат многу медали за кик боксот во Битола.

Настапот во Сараево на Никола беше помогнат од спортските обложувалници Евротип.

 

Evrotip
Евротип
To Top