Новости

Останати

Ник Кирјиос подобар од Димитров за финале на турнирот во Бризбејн

Ник Кирјиос имаше фантастични 19 аса за да го совлада Григор Димитров со 3-6, 6-1, 6-4 за да се пласира во финалето на Бризбејн интернешнл, каде што ќе се судри со Американецот Рајан Херисон.

22-годишниот Австралиец се врати од сет негатива трет меч едноподруго за да го шокира светскиот број 3 и актуелниот шампион од подготвителниот турнир за Австралија опен.

Претходно, Херисон беше на два поени од пораз во тај-брејкот во вториот сет, за да се врати за 4-6, 7-6(5), 6-4 победа над Австралиецот Алекс де Минаур.

GOLD
SN Finansii
To Top