Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер на ист дел од костурот за Австралија Опен - Шеталиште

Новости

Останати

Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер на ист дел од костурот за Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ имаше среќа на денешната ждрепка за Австралија опен и успеа да ги избегне во раната фаза од турнирот големите ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Србинот со Шпанецот може да се сретна само во финалето, додека евентуална пресметка со Швајцарецот е можна само во полуфиналето.

Ѓоковиќ поради шестмесечната пауза назадуваше на АТП-листата и поради тоа во Мелбурн, каде што има освоено шест титули, ќе биде 14. носител.

Првиот носител, Надал, турнирот ќе го отвори против ветеранот Естреља Бургос, а на неговиот пат се наоѓаат Леонардо Мајер, Дамир Џумхур, Џон Изнер и Марин Чилиќ. Хрватот, кој е шести носител, во првото коло за противник го доби Џон Милман, а на неговата страна од костурот се Куевас, Милер и Карењо-Буста.

Бранителот на титулата, вториот носител Роџер Федерер, во првото коло ќе игра против Аљаж Бедене, во второто коло најверојатно ќе го чека Германецот Штруф, а прв од носителите на неговиот пат може да биде Ришар Гаске. Во осмина-финалето можни противници на Швајцарецот се Раониќ или Квери, потенцијален ривал во четврт-финалето му е Давид Гофан, но во овој дел од костурот се наоѓаат и Дел Потро, односно Бердих и Фоњини.

To Top