Новости

Останати

Одложен олимпискиот велеслалом заради ветер

Велеслалом кај жените на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг што требаше да се вози ноќеска е одложен поради силен ветар.

Првиот старт беше закажан во 2 часот и 15 минути по македонско време, но условите не дозволуваа нормалното одржување на трката.

Ако дозволат временските услови велеслаломот ќе се вози на 15 февруари. Ова е второ натпреварување од алпско скијање што е одложено поради неповолни временски услови.

Претходно истото се случи и со машкиот спуст.

To Top