Новости

Останати

Отворени олимписките игри во Пјончанг

Јужнокорејскиот град Пјонгчанг од денеска до 25 февруари ќе биде домаќин на 23. Зимски олимписки игри. Пјонгчанг има околу 43.000 жители и се наоѓа 126 километри источно од Сеул.

На Олимпијадата пријавени за настап се 2.925 спортисти и повеќе од 3.500 официјални лица од 93 земји. Најмногуброен тим ќе има САД со 242 олимпијци, втора е Канада со 226, а трета, воедно и најмногубројна европска држава, е Швајцарија со 169 олимпијци.

Од поранешните југословенски републики најброен тим има Словенија 71, втора е Хрватска со 19, Србија и Босна и Херцеговина ќе имаат по четворица претставници, Македонија и Црна Гора по тројца, а дебитантот Косово ќе има еден олимпиец.

Македонија ќе има тројца претставници: Антонио Ристевски, Ставре Јада и Викторија Тодоровска.

To Top