Новости

ЕВРОТИП Банер
Останати

Пад на Ѓорческа и Јотовски на ранкинг листата

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа која беше елиминирана во првото квалифиакциско коло на терените на „Вимблдон“, се спушти за 31 место на најновата ранг листа на светските тенисерки.

Таа сега има 254 поени што е доволно за 212. место на ВТА листата. Томислав Јотовски, пак, во машка конкуренција иако успеа да победи на ИТФ турнирот кој вчера заврши во Грузија, се спушти осум места на АТП листата и сега е на 777 позиција.

Кај тенисерите на врвот е Британецот, Едни Мареј следен од Шпанецот, Рафаел Надал и Швајцарецот, Роџер Федерер, кој во неделата го подигна победничкиот пехар на терените на „Вимблдон“.Новак Ѓоковиќ падна на четвртото место.

Karmen
To Top