Новости

Останати

Паника во Барселона: Што ако некој за Меси понуди 700.000.000 евра

Дирекцијата на ФК Барселона стравува поради трендот на астрономските транфери дека некој клуб може да плати 700 милиони евра за откупната клаузула на првата ѕвезда Лионел Меси.

Финансискиот директор Панчо Шродер, изјави дека договорот со Меси трае до 2021 година. Практично договорено е до крајот на неговата кариера да остане во ФК Барселона, но постои и страв да се повтори ситуацијата со Нејмар де Силва – кога ПСЖ ова лето издвои рекордни 222 милиони евра.

“Поставивме висока клаузула која треба да биде доволна за Меси до крајот на неговата кариера да остане во Барселона. Меѓутоа истото го помисливме за Нејмар де Силва но друго се случи. Тешко е да се каже што ќе се случи во иднина, немам кристална кугла, но светот полуде – изјави Шродер, а пренеси Скај Спорт.

Меси целата негова кариера играше за ФК Барселона, уште од 2005 година, кој подоцна освои многу трофеи вклучувајќи осум титули во Примери, четири во Лига на Шампиони но и пет Златни топки за најдобар фудбалер во светот.

Evrotip
Евротип
To Top