Новости

Останати

Пасторе не се појави на три тренинзи, го чека казна од ПСЖ

Хавиер Пасторе уште не се приклучил на своите соиграчи од Нова година и има три пропуштени тренинг-сесии, пренесе „Ле Паризиен“.

Вработените во ПСЖ засега не можат да контактираат со Аргентинецот, што е изненадувачки, бидејќи Пасторе секогаш бил професионалец и
тој многу го почитувал клубот.

Во Париз, сметаат дека отсуството на Пасторе е поврзано со неговата желба да ја напушти екипата поради мала минутажа.

Француските медиуми додаваат дека првите два тренинзи на ПСЖ, исто така, ги пропуштил Единсон Кавани, но Уругваецот учествувал во третиот и така избегнал парична казна.

Студирајте на БАС
To Top