Новости

Останати

Пике прави промени во Дејвис Купот

Интернационалната тениска федерација најави големи измени во форматот на Дејвис купот, а објавено е дека е потпишан договор за соработка со компанијата Космос чиј основач е фудбалерот на Барселона, Џерард Пике.

ИТФ и инвестициската група Космос потпишаа договор за соработка во следните 25 години според кој компанијата чиј основач и претседател е Пике ќе исплати сума од три милијарди долари.

Компанијата која ќе соработува со ИТФ е поддржана од извршниот директор на Ракутен, Хироши Микитани. Според договорот ИТФ се обврзува да го смени форматот на Дејвис купот и да организира Светско екипно првенство во тенис кое би траело една недела, а ќе настапат 18 репрезентации.

Националните тимови ќе бидат поделени во неколку групи, а потоа ќе се игра елиминациска фаза почнувајќи од четврт-финале.

На турнирот ќе учествуваат 16-те селекции кои се дел од светската група, а две ќе бидат дополнително одредени.

GOLD
To Top