Новости

Останати

Резултати од Фунакоши Куп, ЗАНШИН-ДО – Битола второпласиран

На 10.03.2018 год ( сабота) во спортската сала „ Архиепископ Доситеј“ во   општина Кисела Вода – „Скопје“ Се одржа меѓународен карате турнир на кој учествуваа 40 клубови , над 480 натпреварувачи во околу 600 дисциплини од Македонија, Србиоја, Црна Гора , Бугариија, Албанија , Босна и др. На овој натпревар Карате клуб „ ЗАНШИН-ДО “ –Битола се најде повторно на врвот, освои пехар за севкупно второ пласиран клуб во кати со освоени 6 злата, 3 сребра , 14 брозни и пехар во ката тим.

На овој турнир настапи и Стефановски Иван кој по втор пат докажа дека сите деца се еднакви, докажа дела вреди да се тренира карате и дека секој може да го достигне врвот. Иван успеа да ја дигне цела сала на нозе , да добие аплауз како што многумина само може да посакаат и да му биде врачен златен медал од градоначалникот на Кисела Вода. На овој настан во дисциплината ката поединечно со злато исто така се закитија  Диневски Михаил 2011 год , Момоковска Ана 2011 год. и Симоновска Маја 2005 год. , додека во дисциплината ката тим 2011год. со злато се закитија сестрите Ана , Марија и Атанасија Момоковски  и во ката тим 2008/2007  год. со злато се закитија Евгенија Митревски, Елена Јончевска и Леона Алиловска.  Со сребрен медал во дисциплина ката поединечно се закитија Евгенија Митревски 2008год. и Марија Марковска  2005 год додека во дисциплината ката тим со сребро се закитија Николина Петковска,  Надалина Талевска и Давид Стојчевски (2008/2007 год.) и  Евгенија Наумовска, Елена Јончевска и Ана Димовска Чонтева (2011 год.) . Со бронзен медал ката поединечно се закитија  Пламен Пенчев 2011год, Владе Тодоровски 2011 год, Јасна Дунгов 2010год, Атанасија Момоковска 2011 год. Марија Момоковска 2011 год. Михаил Марковски 2009год, Стефановски Михаил 2009год, Емилија Илковска 2009год, Костојчиновска Ана 2007год, Стефанија Ацевска 2006 год и Ѓоревска Симона сениорка , додека во ката тим со бронза  се закитија Ацевска Стефанија, Пројковска Бисера и Ана Димовска Чонтева во кадети и Стефанија Петковска , Марија Марковска и Симоновска Маја се закитија бронза во кадети.

„Горда сум како тренер бидеќи како клуб навистина постигнавме висок пласман, да бидеш второрангиран помеѓу 40 клуба тоа значи успех, успех кој го посакува секој тренер. Продолжуваме со подготовки за на 24. 03. 2018 год . кога ке настапиме на меѓународниот турнир “Тигар“ и очекуваме висок пласман“, вели Стефи Јанковска.

Evrotip
Евротип
To Top