Новости

Останати

Русија и Казахстан се првите полуфиналисти на ЕП во футсал

Футсал репрезентации на Русија и Казахстан се првите патници во полуфиналето на европското првенство кое се одржува во Словенија.

Во синоќешните први четвртфинални средби, Русите со 2-0 ги совладаа домаќините, Словенија, додека селекцијата на Казахстан со 3-1 беше подобра од Србија.

Денеска на програмата се преостанатите две четврфинални средби. Во првиот дуел од 18 часот се среќаваат Португалија и Азербејџан, додека од 21 часот ќе играат Украина и Шпанија.

GOLD
SN Finansii
To Top