Новости

Останати

Русија ќе плати казна од 15 милиони долари на ИОК

Русија платила казна од 15 милиони долари на Интернационалниот олимписки комитет, соопшти АФП, повикувајќи се на неименуван извор запознаен со ситуацијата.

Финансиската санкција е наложена по привремената дисквалификација на Олимпискиот комитет на земјата поради скандалот со манипулација на допинг-примероци на руски спортисти.

Плаќањето на паричната казна бил еден од условите за преиспитување на одлуката на ИОК и евентуално симнување на изречената казна на ОК на Русија пред церемонијата на отворањето на зимската Олимпијада во Пјонгчанг.

Руските спортисти, кои се натпреваруваат на Игрите под името „Олимписки спортисти од Русија“, освоија 13 медали – 4 сребрени и 9 бронзени, во трките досега.

Evrotip
Евротип
To Top