Новости

Останати

Руските олимпијци поднесоа жалба до ЦАС за учество во Пјонгчанг

Триесет и двајца руски спортисти поднесоа колективна жалба во Спортскиот арбитражен суд (ЦАС) против одлуката на Интернационалниот олимписки комитет да ги исклучи од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Меѓу нив се шампионите во своите дисциплини Виктор Ан, Сергеј Устјугов, Антон Шипулин, Ксенија Столбова. ЦАС ќе го разгледа случајот утре, а ако жалбата биде прифатена, руските спортисти ќе може да учествуваат на Олимпијадата.

32-та спортисти исто така поднесоа претставки и во граѓанскиот суд во Швајцарија за дискриминација во поглед на граѓански права, нарушување на достоинството и на нивните индивидуални права, како и злоупотреба од страна на ИОК со монополска позиција

Студирајте на БАС
To Top