Новости

Останати

Светот не памети поладни Зимски Олимписки игри

Температурата во Пјонгчанг може да се спушти до -25 степени, објави Сон Пак кој е претставник на Организацискиот комитет на Зимските олимписки игри.

„Деновиве ќе има силен ветар а температурите може да паднат до – 25 степени. Препорачуваме на сите да се облекуваат топло“, изјави Пак.

Организаторот на ЗОИ започнаа на гледачите да им дели топла облека и ќебиња како што беше случај и на церемонијалот на свеченото отворање.

To Top