Новости

Останати

Серена Вилијамс ќе настапи на Австралија опен

Директорот на Австралија Опен, Крег Тили потврди дека шампионката од минатата година Серена Вилијамс е речиси подготвена за враќање на теренот.

„Серена веќе доби виза, поднесе барање за учество и продолжува да тренира. Немаме апсолутно никакви сомневања дека таа ќе биде подготвена за турнирот“, објави Тили.

Тој додаде дека Американката, која неодамна стана мајка, ќе биде мотивирана да го подобри рекордот по бројот на титули од Гренд Слем турнирите кој го држи австралијката Маргарет Корт, додека Вилијамс има една помалку.

To Top