Новости

Останати

Сопругот на Серена Вилијамс преку билборди и го честита враќањето на терен

Корисниците на Инстаграм имаа прилика да видат четири билборди кои осамнаа покрај автопатот И-10 во Палм Спрингс, Калифорнија, сите четири посветени на американската тенисерка, Серена Вилијамс. А подарокот се разбита беше од нејзиниот сопруг, Алексис Оханијан, еден од основачите на Редит, кој на тој начин и го честиташе враќањето на тениските терени.

Серена стана мајка на први септември минатата година и потполни и се посвети на таа улога. Билбордите носат порака „Најдобрата мајка на сите времиња“, а ги дизајнираше лично Алексис.

Реакцијата на интернет на овој на некој начин чуден начин е – половична. Едните се согласни дека Алексис покажал приврзаност кон Серена, додека другите мислат дека сетоа ова е „малку премногу“.

GOLD
GoldSlot
To Top