Новости

Останати

Ставре Јада е македонскиот знаменосец во Пјонгчанг

На претстојните Зимски олимписки игри што ќе се одржат во Пјонгчанг, Македонија ќе ја претставуваат тројца спортисти.

Нордиецот, Ставре Јада и скијачот Антонио Ристевски настап на Игрите обезбедија со А норма додека со посебна покана ќе учествува Викторија Тодоровска, која ќе се натпреварува во нордиско трчање.

Јада ќе настапи во спринт и трката на 10 километри и тој ја доби честа да го носи македонското знаме на церемонијата на свеченото отворање.

“За прв пат сум учесник на Олимписките игри и за мене ова е голем предизвик. Во изминатиов период работев напорно и целта ми е во Пјонгчанг да постигнам подобри резултати од моите претходници кои биде дел од Игрите и и се надевам дека ќе успеам во тоа”, изјави Јада.

Дебитант на големите натпреварувања е и Тодоровска, која ќе биде дел од трката на 10 километри во нордиско трчање.

To Top