Новости

Останати

Ставре Јада последен на крос-кантри спринтот во Пјонгчанг

Македонскиот нордиец Ставре Јада мина последен низ целта на денешните квалификации во спринтот во класичен стил.

Тој го освои 79. место од 80 натпреварувачи, но еден беше дисквалификуван. Јада имаше време од 4 минути, 23 секунди и 85 стотинки, и задоцнување од речиси 18 секунди зад натпреварувачот пред него.

Македонскиот нордиец имаше задоцнување од една минута и 15 секудни зад побендикот во овие квалификации, Ристомати Хакола од Финска.

GOLD
SN Finansii
To Top