Новости

Останати

Три нови трки за следната сезона во Формула 1

Сопствениците на Формула 1 „Либерти Медиа” работат на финализирање на договорите со Виетнам, Аргентина и Мајами, пренесува германскиот „Ауто Мотор унд Шпорт”.

Според информациите, новите локации сега се одобрени од ФИА. На почетокот трката во Виетнам ќе биде на улиците на Ханој, истото важи и за Мајами, САД. За Аргентина, ќе се користи старата патека кај Буенос Аирес. Исто така, се тврди дека првите две се веќе речиси целосно договорени за календарот на Ф1 во 2019 година. Аргентина сè уште не е сигурна дали ќе може да се справи со финансирањето на реконструкцијата на назначената писта.

Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклестон, изјави дека работел на договор за Виетнам пред неколку години. Тој рече дека цената би била 64 милиони долари, а сега „Либерти Медиа“ веројатно лесно ќе се договори со локалните промотори.

GOLD
GoldSlot
To Top