Новости

Останати

Утре почнува јубилејното рели Дакар

Јубилејното 40-то издание на релито „Дакар“ започнува утре во Перу. Традиционалната теренска трка ќе трае од утре до 20 јануари и ќе помине низ територијата на уште две земји во Јужна Америка – Боливија и Аргентина.

Натпреварувачите во пет категории ќе треба да пропатуваат преку 8700 километри, поделени во 14 етапи. Почетокот е во Лима, а релито „Дакар 2018“ ќе ја има својата завршница во аргентинскиот град Кордоба. Единствен ден за одмор ќе биде 12 јануари.

Во листата на учесници се вклучени 547 лица, од кои најмногу – 193 кај автомобилите каде што Французинот Стефан Петерхансел со Пежо ќе ја брани титулата. Ќе се натпреваруваат уште тројца шампиони од минатата сезона. Тоа се мотоциклистот Сем Сандерленд (Велика Британија) со КТМ, како и победниците кај камионите Едвард Николаев (Русија) со „Камаз” и кај АТВ-четирициклите Сергеј Карјакин (Русија) со „Јамаха”. Само победникот во УТВ категоријата од 2017 година Леандро Торес од Бразил нема да учествува.

Студирајте на БАС
To Top