Новости

Останати

Фабио Фоњини доби условна казна од две години од ИТФ

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини може да заработи суспензија на два гренд слем турнири доколку направи голем прекршок во 2018 и 2019 година, откако беше казнет за непристојните коментари кон судијката на САД опен.

30-годишниот Фоњини ја нарече шведската судијка Луис Енгцеле курва при поразот во првото коло на Флешинг Медоуз, за што првично беше казнет со 24.000 долари, а сега добива дополнителна казна од 96.000 долари.

„Г-динот Фоњини ќе биде суспендиран од учество на два гренд слем турнири, од кој еден ќе биде на САД опен, доколку направи прекршок во следните две години“, се вели во соопштението на бордот на гренд слем турнирите.

Фоњини веќе се извини за инцидентот, и најави дека нема да се жали на одлуката.

To Top