Новости

Останати

Федерер: Дојдов во Ротердам по првото место на АТП листата

Роџер Федерер ја даде својата прва прес-конференција во Ротердам, откако изненадувачки се вклучи во турнирот оваа недела. Швајцарецот го направи тоа со идејата за да се врати на првото место во светот.

„По Австралија Опен размислував за рангирањето, нашиот тим е многу возбуден, јас ќе се обидам, ќе го дадам моето цело срце. Би сакал да сум во оваа позиција против кого и да било. За да стигнеш до бр.1 не сакаш тоа да се случи на лесен начин. Возбуден сум дека Стен е во мојот дел од шемата“.

GOLD
SN Finansii
To Top