Новости

Останати

Федерер ги собра наградите Лауреус

Освојувачот на 20 гренд слем титули и светски бр. 1, Роџер Федерер доби уште едно признание – Спортски лауреат за „Враќањето на годината“. Швајцарецот беше почестен на специјална гала-церемонија за неговите зачудувачки достигнувања во минатата 2017 година, кои тој ги пренесе и на почетокот на сезонава.

Домаќин на церемонијата – познатиот британски актер Бенедикт Камбербач – се пошегува со Федерер и го претстави како „легендарниот обожавател на фудбалскиот клуб Базел“. Наградата му ја додели друга тениска легенда – Борис Бекер, кој се сеќава како му му ја доделил на Маестро за прв пат пред 12 години и сега е горд што го прави тоа повторно.

„Ти благодарам Борис, ти беше мојата инспирација од детството, заедно со твојот голем ривал, Стефан Едберг, Пит Сампрас и Мајкл Џордан. Благодарение на сите што гласаа за мене, јас сум среќен воопшто да играм тенис и доживеав една таква неверојатна година која беше како од сон. Морам да му се заблагодарам на лекарот кој работи за мене, бидејќи не знаев дали би можел повторно да трчам нормално“, изјави Федекс.

GOLD
GoldSlot
To Top