Новости

Останати

Федерер ќе игра во Ротердам за првото место на АТП листата

Шампионот од Отвореното првенство на Австралија, Роџер Федерер (Швајцарија) ќе учествува со „вајлд карта“ на турнирот во холандскиот град Ротердам, кој започнува на 12-ти февруари.

36-годишниот Федерер ја прифати поканата на организаторите и може да стане најстариот играч во историјата кој ќе се најде на врвот на светската ранг-листа.

Швајцарецот е втор на листата на АТП, но може да го смени од врвот Рафаел Надал (Шпанија), ако стигне до полуфиналето во Ротердам.

Федерер беше број 1 во светот за последен пат на крајот на 2012 година, а ако повторно ја предводи листата, ќе го надмине рекордерот Андре Агаси (САД), кој беше лидер на 33-годишна возраст во 2003 година.

GOLD
SN Finansii
To Top