Новости

Останати

Флавио Бријаторе осуден на 18 месеци затвор

Поранешниот шеф на Рено, Флавио Бријаторе беше осуден на 18 месеци затвор од италијанскиот Апелационен суд во Џенова под обвинение за затајување данок, поврзано со својата мега-јахта „Force Blue“.

Бријаторе беше обвинет за наводно затајување данок од 3,6 милиони евра за период од четири години. Тој, исто така, не платил ДДВ и други даноци во износ од 800.000 евра за горивото на јахтата.

Одлуката на судот беше обжалена од адвокатите на Бријаторе и на втора инстанца казната беше намалена на 11 месеци, но Апелациониот суд во Џенова повторно ја зголеми казната.

Студирајте на БАС
To Top