Новости

Останати

Шифрин победи на велеслаломот во Крањска Гора

Микаела Шифрин е победнична на велеслаломската трка од светскиот Куп која денеска се возеше во Крањска Гора, Словенија. Таа успеа да дојде до 39. Победа во кариерата, осма оваа сезона, со време од минута, 47 секунди и 40 стотинки.

Теса Ворли од Франција го освои 2. Место со заостанување од 31 стотинка. Третата позиција денеска и припадна на Италијанката Софија Гоџиа.

По денешната трка, Шифрин го презема лидерското место во велеслалом со 385 бода, 55 повеќе од второпласираната Ворли. Американката води и во генералниот пласман вО Светскиот куп со 1181 бод.

GOLD
SN Finansii
To Top